Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека ставот на Унгарија кон конфликтот меѓу Украина и Русија е јасен и дека земјата е подготвена да биде домаќин на мировни преговори. Изјавата следува по неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.

„Како соседи на конфликтот, го гледаме неговото влијание секој ден, врз семејствата и економијата. Ставот на Унгарија е јасен – сакаме мир и сме подготвени да бидеме домаќини на разговори што можат да доведат до реализација. Кога ќе се одржи Самитот за мир во Будимпешта, ќе направиме сè за неговиот успех“, напиша Орбан на својот профил на X.

Путин истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп ја предложил Будимпешта како локација за разговори меѓу Русија и САД. „Имаме добри односи со Унгарија, и би се согласиле да се одржи состанок во Будимпешта доколку страните се согласат“, рече рускиот лидер, додавајќи дека Москва е свесна за избалансираниот став на Унгарија кон Украина.

Орбан потврди дека Унгарија е подготвена да обезбеди платформа за преговори и изрази надеж дека неодамна објавените мировни иницијативи ќе доведат до траен мир.

Exit mobile version