Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати драматично предупредување до европската јавност во своето традиционално божиќно интервју за „Маџар Немзет“. Според него, Стариот континент, кој ужива во редок 80-годишен мир по завршувањето на Втората светска војна, сега се наоѓа на работ на провалија поради политиките на Брисел.

„Европа се движи кон воена состојба со хипербрзина. На последниот самит во Брисел успеавме само малку да го забавиме тој процес, но не и да го запреме“, вели Орбан. Тој јасно порача дека во моментов во Унијата преовладува „воениот табор“, нагласувајќи ја острата поделба: „Брисел сака војна, а Унгарија сака мир“. Според него, конфликтот во Украина не беше неизбежен, доколку Европа избереше мировна мисија наместо да ја прогласи туѓата војна за своја.

Exit mobile version