Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави дека наскоро очекува средба со американскиот претседател Доналд Трамп за да разговараат за економскиот договор меѓу двете земји.
„Постои датум, а преговарачката агенда е подготвена околу 80 проценти. Кога ќе се согласиме со Американците за преостанатите 20 проценти, заедно ќе одлучиме кога да ја објавиме средбата, а потоа тоа ќе се случи“, рече Орбан во интервју за новинскиот сајт „Мандинер“.
Тој додаде дека Унгарија имаше место на меѓународниот мировен самит за Газа, бидејќи, како што рече, е дел од меѓународната, про-мировна мрежа предводена од Трамп.
На самитот во Египет во понеделник, Трамп јасно застана на страната на унгарскиот премиер, нарекувајќи го „одлична“ личност и „фантастичен“ лидер, според унгарската веб-страница.