Општината Ѓорче Петров се претстави во Турција

Делегација од општина Ѓорче Петров присуствуваше на традиционалниот Фестивал на збратимени градови во Кушадаси, Турција.

Учесниците ги пречекал градоначалникот на Кушадаси Есад Алтинѓун кој изразил задоволство што Кушадаси прераснува во културна мека на збратимени општини. Како што информираат од општината, по приемот кај градоначалникот, сите делегации се упатиле на дефиле низ градските улици и положиле цвеќе на споменикот на Кемал Ататурк. 

- Општинската делегација на Ѓорче Петров го подари најновото издание на енциклопедијата „Убава Македонија“ и прва се запиша како почесен донатор во новиот книжен фонд на галеријата, се вели во соопштението од општина Ѓорче Петров.

 

04.11.2013 - 16:29
Фото: 
превентус.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа