Општина Гостивар ќе издаде 1.500 денари за 555 ученици

По истекот на рокот за прифаќање документација од семејства кои имаат ученици во први одделенија за учебната 2022/2023 година, Одделението за социјална заштита, здравје и детска заштита при општина Гостивар утврди дека 555 пријави се редовни, додека средствата ќе бидат пуштени наскоро.

Ова е прва година на доделување средства за родители кои имаат деца во прво одделение, а планот е оваа парична помош да стане традиција во наредните години.

Потсетуваме дека Советот на општина Гостивар на крајот на август донесе Предлог-одлука за еднократна парична поддршка на семејствата на учениците од прво одделение за учебната 2022/2023 година, велат од општината.

„Со одлука на советот на општината, сите семејства со деца кои започнуваат во прво одделение ќе бидат поддржани со сума од 1.500 денари, па се надеваме дека ќе придонесеме за намалување на трошоците за училишна подготовка. Се надеваме дека оваа помош ќе биде добредојдена“, изјави претседателот на советот Валбон Лимани.

 
 
29.09.2022 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега