Општина Ѓорче Петров одбележува 25 години самостојна локална самоуправа

Општина Ѓорче Петров денеска го слави својот 25-ти роденден.

-20 септември е денот кога Општина Ѓорче Петров добива свој идентитет. На денешен ден пред 76 години со Одлуката на Владата на Народна Република Македонија во 1945 година тогашното Ханриево е преименувано во Ѓорче Петров. 52 години подоцна Ѓорче Петров станува и посебна локална самоуправа. 25 години општината, како посебен ентитет испишува историја на самостојност, препознатливост и успешност, велат од општината.

2021 година во историјата на човештвото ќе биде забележана и како година на Корона вирусот, од која научивме една лекција дека најважно е да се чуваме и почитуваме. Токму затоа почитувајќи ги сите здравствени протоколи, општината  ја продолжува оваа традиција со скромно, но не помалку значајно празнување на Денот на општината.

Во реонскиот парк, пред споменикот на револуционерот Ѓорче Петров се одржа свечената церемонија но се оддржа и свечената седница на актуелниот Совет на ОЃП, со која се заокружува мандатот на 23-те советници.

Годишната награда „Ѓорче Петров 2021“ му е доделена на проф. д-р ВАСИЛ ДРВОШАНОВ, истакнат македонски публицист, лингвист, критичар и поет.

Постхумно плакета за заслуги им е доделена на семејствата на Иванчо Митревски-Мајсторот, наш ѓорчевец, еден од најеминентините писатели за деца и на Марио Шулајковски, истакнат просветен работник во ООУТихомирМилошевски“.

Плакета и признание за демонстрираната храброст при гаснењето на пожари е доделена на Територијалната противпожарна единица -потцентар Ѓорче Петров и на сите нејзини вработени.

Плакета за првенец на генерација за Матеа Митревска.

Благодарници, пофалници и признанија им се доделени и на најдобрите ученици, истакнати просветни работници, медали за најдобите во традиционалниот крос, вработени во општината и пензионирани.

Градоначалникот Александар Наумовски рече дека 20 септември е голем ден за ѓорчепетровци.

-Денеска испишуваме уште еден мал, но значаен јубилеј, 25 години посебна локална самоуправа, кога Ѓорче Петров се одвојува од опшина Карпош и почнува да функционира самостојно. Историјата е наш потсетник за она кои сме денес, што сме создале низ годините, но и како да го негуваме она за кое генерации пред нас се бореле и работеле. Но, минатото е зад нас, а иднината пред нас. Во сегашноста, пак, создаваме за ние еден ден да напишеме историја и да оставиме некому вредности. Работиме напорно за нашите граѓани да имаат сигурна иднина. Работиме напорно за нашите ѓорчепетровци да живеат мирен и спокоен живот со сигурни чекори напред, рече Наумовски.

Рече дека Ѓорче Петров е најосветлената општина во Градот.

-Ѓорче Петров ја добива и најмодерната градинка во Волково, чии врати за најскоро време ќе бидат отворени за околку 200 дечиња. Учениците од Јоаким Крчоски по шест децении конечно добија соодветни услови за физичко образование со изградбата на спортската сала. Во моментов се доградуваат две училишта, Тихомир Милошевски во Ново Село и подрачното Беровскиво Хром. Очекувам да бидат завршени пред рокот, а учениците во второто полугодие да учат во новите училници.  Комплетно се реконструира и единственото средно училиште во општината Кочо Рацин, рече Наумовски.

20.09.2021 - 17:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега