Општина Чаир: Ќе постапиме по препораката на Владата за дивоградбата кај „Мавровка“

Општина Чаир за Сител потврдува дека ќе ја испочитува владината одлука Македонијапат да ја урне дивоградбата пред ТЦ Мавровка. 

Општина Чаир ќе пристапи кон потпишување на Договор со ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта во наредните денови. По завршување на оваа процедура објектот ќе биде урнат. А за точниот датум навремено ќе бидете известени и повикани да го проследите уривањето на објектот, велат од прес-службата во Чаир. 

Претходно, општина Чаир објави два тендери. Меѓутоа, и двата беа неуспешни бидејќи ниту една компанија не се нафати да го сруши објектот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.09.2020 - 19:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега