Општина Центар ќе воведува ред во диво поставените летни тераси

 

Во соработка со Пазарната инспекција и МВР, општина Центар подготвува акција за ставње ред на урбаната орема пред угостителските објекти на својата територија, објави Фокус.

Сите оние кои немаат одобрение за урбана зимска опрема ќе бида санкционирани, а Пазарниот инспектор има право и да ги затвори. 

Овластениот инспектор на Општина Центар ќе санкционира пропусти доколку се работи без одобрение или опремата е поставена на поголема квадратура од дозволеното.

Сопствениците на угостителските објекти кои ќе добијат решенија за отстранување на урбаната опрема за зимскиот период нема да добијат ниту дозвола за поставување на летни тераси.

Минатата недела беа испратени покани за угостителите на улица „Ленинова“( Аминта Трети), а во наредниот период вакви покани ќе добијат и другите сопственици. По добиената покана, со одобренија, доколку поседуваат треба да појдат во општина Центар.

 

 

 

20.03.2018 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа