Општина Центар ќе издвои 800.000 денари за настраданите од земјотресот во Албанија

Советот на Општина Центар на следната седница ќе донесе долука за доделување парична помош од 800.000 денари за настраданите од земјотресот во Република Албанија.

Средствата се од постојаната резерва на Буџетот на Општина Центар за 2019-та година, а ќе бидат уплатени на посебна сметка на Црвениот Крст на Република Македонија за настраданите од земјотресот во Албанија.

Серијата земјотреси, од кои најсилниот со 6,4 степени по Рихтеровата скала, со епицентар близу Драч,  одзеде над 50 животи, над 1000 граѓани се здобија со повреди, а голем број останаа без покрив на главата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2019 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега