Опожарено „ауди“ во Чаир

Автомобил „ауди а4“ изгорел синоќа во скопската населба Чаир.

Возилото било во сопственост на Н. Ф. (63) од Скопје, информираат од полицијата.

„Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Полициски службеници излегле на местото на настанот и извршиле разговор со Н. Ф., при што тој појаснил дека возилото било старо и не било користено долго време, а пожарот, најверојатно, избувнал од спој на електрична инсталација“, наведе МВР.

26.01.2022 - 17:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега