Опожарени автомобили во Ѓорче Петров и Аеродром
На улица „Струмјани“ во Општина Ѓорче Петров било опожарено патничко возило „тојота рав 4“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.П. од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Како што информира МВР, случајот бил пријавен ноќеска во 4:00 часот во СВР Скопје. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.
МВР информираше дека и вчера во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Петар Ацев“ на подрачјето на општина Аеродром настанал пожар во патничко возило „цитроен ц1“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.С. од Скопје. Од пожарот било зафатено и патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.Д.(45) од Скопје.
Повредени лица немало, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Увид бил извршен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа