Опожарен автомобил во Карпош 4- била запалена внатрешноста на возилото

Насилно отворен и опожарен автомобил ноќеска во Карпош 4, пренесува „а1 он“

Настанот утрово во полиција го пријавил сопственикот на возилото, кој кажал дека го паркирал некаде околу полноќ, а утрово го затекнал изгорен. Од огнот причинета е материјална штета, а неофицијално оштетени се седишта, контролната табла на возилото, прозорците. Настанот го потврдуваат и од полицијата.

„Според пријавеното, тој забележал дека прозорецот од совозачката страна бил насилно отворен и била запалена внатрешноста на возилото, која била делумно оштетена. Огнот се изгаснал сам“, велат од МВР.

Оттаму нема информации дали на полицијата и е познат сторителот кој го запалил автомобилот, како и причината, туку додаваат дека се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2020 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа