Вистински „стресе“ скандалот со директорот на скопската клиника за неврологија – Игор Кузмановски. Поради видеото со „шмркање бело“, тој беше разрешен од функцијата, а и јавно се извини за видеото. И таа доверба во здравството кое го имаа граѓаните, трагајќи по доктор кој ќе ги излечи, е „расклатена“. 

Со став во свој стил се огласи и познатата инфлуенсерка и гласноговорничка на секоја општествено значајна тема, Ина Многуфина, која порача дека овој доктор не треба да лечи ни маче

Еве дел од реакциите на јавност по јавното видео од доскорешниот директор на Неврологија и доктор-невролог:

– Невролог, а вчера мислам беше и ден на ментално здравје и сега колку и како човек да верува кога ќе оди на лекар дека ќе биде соодветно третиран или ќе зависи од состојбата на лекарот. Ќе речам Господ напомош. 

– Тешко на луѓето кои ги лекувал. Кој знае колку непотребни терапии исплиле. 

– Лош пример за младите, за пациентите и за целото општество. Во таков случај, сосема е оправдано да се бара негово итно разрешување, затоа што: го нарушува угледот на здравството, создава недоверба меѓу пациентите, испраќа погрешна порака до млади лекари и студенти и претставува опасност по безбедноста на пациентите (особено ако работи под дејство). 

– Сите што работат со човечки животи, треба да минуваат нарко-тест. 

– Децата ги тресат за џоинт, а он мисли со извинување ќе помине? 

–  Колку лош народ сме… тоа си е негова работа, приватна работа. Лекарска грешка не направил, зошто да му се одземе лиценцата? Е од таквите , како тој што го објавил видеото си патиме во државата!

– Едно време скап пијалок, бонбониера се носеше за захвалност, сега чист бел прав. Види, види…

Exit mobile version