Онишченко изненаден: Им доставив руски пасош и извод од родени

Владата почна постапка за да му го одземе државјанството на Олександр Онишченко, кој е на црната листа на САД.

Онишченко во разговор со „Слободен печат“ кажа дека во неговото државјанство нема измама.

„Побараа од мене да ја претставувам Македонија и да помогнам во подготовката на Олимписките игри. Ги дадов сите документи при апликацијата, и мојот руски пасош и изводот од матична книга на родените. Имам и руски и украински пасош, јас сум официјално лице“, кажа Онишченко за „Слободен печат“.

24.11.2022 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега