ОМД: Заев континуирано ги загрозува позициите на Македонија

„Мислејќи дека работи во интерес на својата земја и народ, Премиерот Зоран Заев продолжува да ги загрозува позициите на Република Македонија“, тврдат од најголемата организација на Македонците надвор од Македонија, Обединета Македонска Дијаспора (ОМД).

Изјавата на Претседателот на Бугарија, Румен Радев, во која покрај извинување на социјалните мрежи, од Премиерот Зоран Заев бара „јасно и гласно извинување за присвојување на Илинден како македонски празник“, според ОМД е одраз на бугарските аспирации кои се противат на добрососедските односи претставени во договорот.

Имено, најавата на Радев за регулирање на прашањето за Илинден преку амандмани на договорот со чие прифаќање се условува бугарската поддршка за интеграција на Република Македонија во Европската Унија, според ОМД е обид за остварување на апсолутно редефинирање на македонската историја.

„Согласно ставот на ОМД, добрососедскиот договор со Бугарија е штетен за Македонија и македонската национална кауза, кој воопшто не ги заштитува нити ги гарантира правата на македонското малцинство во Бугарија. За добрососедски односи потребни се дела, а не договори“, порачуваат од ОМД.

 

 

 

13.08.2018 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега