Оливер Спасовски закажа прес-конференција - ќе си поднесе ли министерот оставка?

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски закажа прес-конференција за 14:30 часот денеска.

„Ве известуваме дека денеска, 23.02.2021 година (вторник) со почеток во 14:30 часот, прес-конференција ќе одржи министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски преку платформата Zoom.“, велат од министерството за внатрешни работи.

Некои од медиумите напишаа дека министерот денеска ќе си поднесе оставка од функцијата. 

Причина за оставката е бегството на поранешниор директор на УБК, Сашо Мијалков.

Оставка од Спасовски побара и опиозицијата, која обвинува дека институциите уште во саботата во 16 часот знаеле дека постои опасност за бегство на Мијалков, но не презеле ништо.

Од завчера попладне, Мијалков е недостапен и полицијата не успеала да му го врачи решението за куќен притвор, што како мерка на претпазливост, на барање на обвинителството го донел Кривичниот суд. Министерството за внатрешни работи првично објави национална, а вчера попладнето и меѓународна потерница за Мијалков.

 Тој е еден од обвинетите за нелегалното прислушување на над 20 илјади граѓани во периодот од 2008 до 2015 година. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Обинителството во завршните зборови за Таргет-Тврдина побара максимална казна за Сашо Мијалков, а пресудата треба да биде објавена в петок, на 26 февруари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2021 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега