Оливер Спасовски ќе биде технички премиер

Актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски ќе го наследи Заев на премиерската функција во владата задолжена за организација на изборите. Оваа информација за Сител ја потврдува висок партиски функционер од СДСМ кој вели дека Спасовски најдобро бил запознаен со состојбите, а дополнително ќе мора и да си замине од МВР бидејќи според пржинскиот договор на оваа позиција ќе дојде кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

 Одлуката Спасовски да биде технички премиер останува уште да ги помине партиските тела на Бихаќка, што според извори на Сител, ќе биде само формалност.

Во опозицијата се уште нема информации со кои кадри Мицкоски ќе ја чува регуларноста на изборите. Од таму велат дека ваква одлука ќе биде донесена кон крајот на месецот. Во партиските кругови се вртат повеќе имиња, меѓу кои и она на Антонио Милошоски кој се споменува како кандидат за технички министер во МВР.

Доколку изборите се одржат на 12 април, Заев треба да си замине од Илинденска на 3 јануари. Џафери веќе најави дека Собранието ќе се распушти на 11 февруари а веднаш потоа ќе ги распише и предвремените избори.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2019 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега