Олабавување на мерките во Австралија:Веќе 11 дена нема нови случаи на ковид-19

Мерките кои беа воведени поради коронавирусот меѓу границите на трите сојузни држави во Австралија со најмногу жители, би можеле да бидат олабавени. Веќе 11 дена во овие земји нема нови случаи на ковид-19, објавија тамошните власти.

Австралија воведе карантин, но и строги мерки за патниците од Нов Јужен Велс по ескалирањето на епидемијата во Сиднеј на крајот на декември. Жариштата во овој град сега се под контрола, а во другите делови од земјата нема нови случаи, па веќе се создава можност за отворање на границите за жителитe.

Премиерката на Квинсленд, Анастасија Палашчук потврди дка нејзината држава од први февруари ќе ги прима жителите на НЈВ.

Сакам да видам како семејствата и пријателите повторно се собираат – изјави таа на прес

конференција.

Југоисточната држава Викторија најави дека в петок би можела да ги промени мерките кои важат на границата со НЈВ.

Во овој дел на Австралија веќе 22 дена нема локални случаи на инфекција со ковид-19, а во Викторија на сила е систем на дозвола за сите патници, во чии рамки државата е поделена на зелена, портокалова и зелена зона во зависност од епидемиолошката ситуација. На патниците од црвената зона не им е дозволено да влезат во Викторија, додека оние од портокалова зона мора да направат тест за коронавирус во рок од три дена по пристигнувањето.

Австралија од март пријави повеќе од 22 случаи на ковид-19 и 909 смртни случаи. Се смета дека таа е една од најуспешните во борбата против оваа пандемија – наведува Ројтерс.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2021 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега