Оксфордската вакцина влезе во третата фаза од испитување, дава силен имунолошки одговор со незначителни нуспојави

Вакцината против коронавирусот која се развива на Оксфорд дава ветувачки резултати. Испитувањата извршени врз 1.077 доброволци откриваат дека по примањето на вакцината телото дало силен имунолошки одговор со незначителни нуспојави.

Оваа вакцина е првата која влезе во третата фаза од испитувањето. Повеќе од 10.000 учесници во Велика Британија, Бразил и Јужна Америка веќе ја добија дозата. Вториот дел од фазата 3 вклучува 30.000 учесници од САД и таа треба да почне оваа недела.

Оксфорд почна да работи на разивање на вакцина на 10 јануари оваа година, веднаш штом кинеските научници ја објавија генетската низа на вирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.08.2020 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега