Околу 500 жители на Општина Аеродром ќе добијат субвенции за еколошки превоз

Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски денеска ги потпиша решенијата за доделување паричен надомест за секој купен велосипед или електричен тротинет.

Како што информира Општина Аеродром, за оваа цел неодамна беше објавен јавен повик. Од објавувањето на повикот, па се до исцрпувањето на предвидените средства, апликации за добивање на овие субвенции поднесоа 549 граѓани, од кои 497 ги поднесле сите потребни документи, па според тоа и ќе добијат надомест.

Ова е прва година во која Општина Аеродром, покрај за велосипеди, доделува субвенции и за електрични тротинети.

-Со овие мерки и со наши инвестиции во подобрувањето на инфраструктурата за користење алтернативни средства за превоз, заеднички со граѓаните придонесуваме за зачувување на животната средина, се наведува во соопштението од Општина Аеродром.

05.08.2022 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега