Околу 300 штипски пензионери набавуваат огревно дрво по повисока цена

Огревно дрво се испорачува до штипските пензионери од пред шест дена,  по новата цена, која ја побараа добавувачите. Претседателот на Здружението на пензионери – Штип, Ристе Нетков вели дека откако тие се откажале да бидат посредници во набавката околу 60 отсто од 500 пензионери се согласиле да набават дрва по повисока цена за 700 денари. Нетков вели дека парите им се враќаат на пензионерите и сега тие директно разговараат со добавувачот.

-Во моментов цената на дабот е 4 200, а на буката е 4 100 денари. Пензионерите  по оваа цена ги добиваат огревните дрва. Имаме информации дека дрвата се испорачуваат на нашите членови, кои ги прифатија овие цени. Ние, минатата недела  имавме и состаноци  со добавувачите и со директорот на Национални шуми, добивме информација дека набавката на огревно дрво оди преку приватните добавувачи, рече Нетков.

Штипските пензионери велат дека ќе имаат тешка  зима. Сметаат дека зголемените цени на лебот, струјата, горивата, прехранбените производи ќе бидат причина оваа есен  да не ја приготват  зимницата и традиционалниот македонски ајвар. 

07.08.2022 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега