ОЈО Велес: 60-годишниот маж бил убиен од 21-годишен жител на Богомила - го мавал со тупаници по градите

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишен жител на Богомила осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 22 јануари, со умисла лишил од живот едно лице. Оштетениот 60-годишник дошол до куќата на осомничениот да ги повика својата сопруга, ќерката и помалиот син кои биле во домот на осомничениот да се вратат дома. Осомничениот на тоа излегол надвор и без причина започнал да го удира оштетениот со тупаници во пределот на градите. Ќерката на оштетениот ги раздвоила, но од повредите оштетениот починал.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки за претпазливост за осомниченото лице.​​

24.01.2023 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега