ОЈО Тетово врши увид на местото на вооружената престрелка - пронајдено оружје и муниција

 
 
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на лице место на улицата „29-ти Ноември“ во Тетово каде што во вооружена престрелка во текот на ноќта беа повредени три лица, соопштуваат од ОЈО.

Повредените поради сериозноста на повредите веднаш се пренесени на скопските клиники, а мотивот за престрелката ќе се утврдува.

За таа цел, јавниот обвинител издаде наредби за прибирање и вештачење на трагите пронајдени на лице место, за вештачење на пронајденото оружје (еден пиштол) и муниција, како и за вештачење  на возилото пронајдено на местото на престрелката.

По наредба на јавниот обвинител, на сите инволвирани во инцидентот ќе им бидат земени парафински ракавици заради проверка на присуството на барутни честички, а ќе се проверува и присуството на алкохол во нивната крв.

 

 

 

14.07.2018 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа