ОЈО поднесе обвинение за поранешен претседател на Врховен кој ја злоупотребил службената положба и овластување​

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против  поранешен претседател на Врховниот суд, кој го сторил кривичното дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– На 30.11.2018 година во својство  на службено лице – претседател на Врховниот суд на Република Македонија, обвинетиот донел поединечни решенија за сите судии на Врховниот суд со кои им го утврдил додатокот на плата за месец ноември во износ од 35 проценти од основната плата,  кој согласно законот им следува за посебни услови за работа, постоење на висок ризик и доверливост. Притоа, свесно, со намера потешко да и ги повреди правата, обвинетиот не донел Решение за исплата на додаток на плата во износ од 31.839,00 денари за оштетената – судија во Врховниот суд, која во конкретниот период не користела отсуство од работа, стои во соопштението од ОЈО.

Обвинетиот, посочуваат од ОЈО, постапил спротивно на член 7-б од Законот за платите на судиите и член 7 од Правилникот  за додатоци на плата, нивната висина и начинот на утврдување за судиите во Република Македонија донесен од Судскиот совет на Република Северна Македонија, со што го сторил кривичното дело кое му се става на товар. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега