ОЈО отвори предмет за набавката на софтверот на Рашковски

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска отвори предмет по допрен глас за набавката на софтверот за „определување на просечна брзина на возилата во сообраќајот и изрекување казни“, направено во времето кога генерален секретар на Влкадата беше Драги Рашковски за што деновива се пишува во медиумите.

-Следејќи ги повеќедневните написи во медиумите за набавката на  софтверот од страна на Генералниот секретаријат на Владата, обвинителството отвори предистражна постапка, при што предметниот обвинител издаде повеќе наредби за прибирање на потребната документација. По наредбите ќе постапуваат истражителите од истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, соопштија од ОЈО.

Во меѓувреме, од Министерството за внатрешни работи до обвинителството е доставено известување во врска со нивното постапување во случајот.​

Рашковски деновиве е во фокусот на јавноста по избувнувањето на аферата во која генералниот секретаријат на Владата купил неговиот софтвер, ама со народни пари, што требало да го користи МВР. Меѓутоа, набавката веќе осум месеци стои неискористена бидејќи МВР „ниту знаело за набавката ниту планира да ја користи“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2021 - 17:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега