ОЈО бара притвор: Скопјанец со боксови и клоци тепал сограѓанка, па ја силувал

Скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице , скопјанец на 55 годишна возраст, поради основано сомнение дека го извршил кривичното дело – Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 28 септември 2020 година, околу 15.00 часот, го управувал своето возило и ја пресретнал оштетената која враќајќи се од работа, се движела по улицата. Тој застанал и присилно ја внел во возилото, па ја однел во стан од неговата почината мајка. Осомничениот започнал физички и психички да ја малтретира жртвата. По упатување на закани кон неа и закани за нејзината ќерка, осомничениот со употреба на сила го извршил кривичното дело. При тоа, во континуитет ја удирал жртвата со боксови и клоци  од кои оштетената се здобила со телесни повреди.

Во насока на обезбедување непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.​

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.10.2020 - 19:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега