ОЈО бара казни од 2000 евра за 29 луѓе поради непочитување полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлози за издавање казнени налози против 29 лица обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

 

Обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации.

Обвинителството за сите обвинети лица предложи парични казни од по 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.06.2020 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега