Едно лице загина, а повеќе од 170 објекти беа оштетени во големиот пожар што синоќа ја зафати станбената населба во јапонскиот град Оита. Полицијата соопшти дека е пронајдено телото на 76-годишен маж, кој се водеше како исчезнат во текот на интервенцијата.
Пожарот зафати површина од околу 48.900 квадратни метри, а неговото гаснење траеше речиси 12 часа. Властите очекуваат огнот целосно да биде ставен под контрола во текот на денот.
Поради пожарот, околу 350 домаќинства останаа без електрична енергија, а екипите на енергетските компании работат на нормализирање на снабдувањето.
Премиерката на Јапонија, Санае Такачи, се огласи на платформата Икс, каде порача дека Владата ќе пружи:
„Максимална поддршка во соработка со локалните власти“.

