ОИК Тетово бележи поголема излезност од 2019 година

Општинската изборна комисија во Тетово бележи излезност од 4,7 отсто на гласачите, што претставува зголемување ако се споредува со излезноста на минатогодишните претседателски избори. Сите гласачки места се отворени во 7 часот и гласањето се одвива според сите здравствени протоколи без пријавен проблем.

– Сега до 9 часот има излезност од  4,7 отсто што разлика од претседателските избори лани, кога до 10 часот беше 3,7 отсто, што значи за овој период имаме еден процент поголем изленоста. Забележуваме дека голем е бројот на постари лица кои своето право на глас го остваруваат во утринските часови пред зголемување на температурите и пред да се создадат гужви, изјави Артан Адеми, претседател на ОИК Тетово.

Во општина Боговиње до 9 часот има 2,5 отсто излезност, во општина Теарце 3,81 отсто, додека во Јегуновце 4,17 отсто.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега