Охриѓанец жртва на тешка измама - внимавајте да не наседнете на ова

Во саботата во 11:45 часот во СВР-Охрид, 65-годишниот Д.Д.  од Охрид пријавил дека истиот ден околу 10:30 часот на булеварот “Туристичка“ му пристапило едно лице кое се претставило дека е од Радовиш и му рекло дека имало сообраќајна незгода  со друго лице од Израел и дека сака да му биде сведок додека му дава пари на другото лице.

Заедно се упатиле кон местото каде требало да го почекаат наводниот Израелец. Но, лицето кое се претставило дека е од Радовиш му дало часовник на наводниот Израелец и заминало, како што рекло, да земе пари.

Потоа, наводниот Израелец го довел во заблуда пријавителот барајќи му 5.000 денари во замена за часовникот како гаранција дека ќе му ги врати парите бидејќи морал итно да оди во болница.

Откако му ги дал парите, лицето заминало, а Д.Д. чекал некое време по што сфатил дека бил измамен.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2019 - 08:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега