Охриѓанец наместо да седи во самоизолација, на улица се степал со сограѓанин

Охриѓанец на 33-годишна возраст кој имал решение за изолација предизвикал тепачка на булеварот Туристичка во Охрид.

Тој нападнал 23-годишен сограѓанин, откако со автомобил го напуштил својот дом.

„Со патничкото возило му го блокирал патот на М.Л., по што физички го нападнал. По целосно документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2020 - 17:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега