Охриѓанец доживеал несреќа додека сечел дрва - итно однесен во болница

Охриѓанец доживеал несреќа додека сечел дрва со моторна пила.

Вчера во 12.00 часот во Полициската станица Охрид, од  болницата „Св.Еразмо“ било пријавено дека кај нив бил донесен 44-годишниот Т.М. од село Горно Татеши, струшко, со повреди на главата. Додека сечел дрва со моторна пила на сопственото земјиште на место викано „Бегова земја-Рај“, му паднале гранки врз глава и се здобил со повреди. По укажаната помош тој бил задржан на лекување. 

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. 

 

 

 

26.09.2018 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега