Нивото на водата во Охридското Езеро денеска изнесува 693.39 метри надморска височина, што е за десет сантиметри над просекот за месец ноември.

Ова нормализирање на водостојот е директна последица на обилните врнежи што го зафатија регионот изминатите денови. Пред само десет дена, нивото на езерото беше десет сантиметри под месечниот просек.

Во однос на температурата, водата денеска изнесува 13, што е речиси идентично со просечната ноемвриска температура од 12,9 C.

Exit mobile version