Охрид нема пари за уривање на дивоградбите

Дивоизградената бетонската база во сопственост на бизнисменот и советник од Општина Охрид, Нефи Усеини, нема да се урива набргу, бидејќи општината нема пари, пренесува „А1ОН„.

Парите што останале во постојниот план, наменети за уривање дивоградби, се премалку за да се отстрани базата, која ниту Усеини нема во план да ја дислоцира, дознава „А1он“. Охрид не може да распише ниту тендер за избор на нова фирма бидејќи во буџетот има останато уште пари за уривање.

Усеини ги нема потребните дозволи за базата, кои треба да бидат издадени од Општината, но и од другите надлежни институции. Базата за производство на бетон се наоѓа на стариот пат Охрид – Струга. Изградбата на објекти на ова место е строго регулирано, а појасот е заштитен од УНЕСКО, што значи дека изградбата на вакви објекти, кои може да предизвикаат еколошки проблеми, е строго забранета. 

Против Усеини има и четири предмети во охридското Обвинителство, но обвиненија и во новата година – нема

Усеини има и дивоизградена летна тераса на пицерија во заштитеното јадро на Охрид, односно кај Чинарот. Општина Охрид одговорноста за тоа што таа не е отстранета ја префрла кај Државниот градежен инспекторат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега