Огромен ЕУ транспарент на зградата на ЕК - „Добредојде Хрватска“

Транспарент долг колку 13 ката беше поставен денеска на дел од зградата на Европската комисија во Брисел како добредојде за земјата Хрватска како идна членка на ЕУ. На истиот е испишан поздравот „Добредојде Хрватска“ како и датумот 1 јули 2013 година кога и официјално земјата ќе стане 28 земја членка на ЕУ. Поздравот е поставен точно под конференциската сала, каде еднаш неделно заседаваат сите еврокомесари.

Вообичаено на овој дел од зградата на Еврокомисијата, што гледа кон плоштадот „Сенкантенер“, се поставуваат плакати поврзани со главната политика на ЕУ.

најчитано сега