Ограбиле мајка и ќерка - уапсени петмина тетовчани

Петмина тетовци, меѓу кои и 17-годишник, вчера биле уапсени поради разбојништво кое го извршиле на 9 август во стан на ул.„Маршал Тито“ во Тетово над 47-годишната С.Б. и нејзината ќерка.

Вчера, исто така, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во куќата на двајца од приведените, при што била пронајдена марихуана, гасен пиштол, два боеви и три куршуми за гасен пиштол и два метални пендреци.

Сите пет лица се задржани во Полициската станица Тетово и во текот на денот, со соодветен поднесок, ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2020 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега