Ограбена обложувалница во Маџари

Вработена во обложувачница во Маџари вршела лажни уплати на тикети, а потоа, за да прикрие дека недостигаат пари, испланирала вооружен грабеж.

Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против лицата А.Ж. (30) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело тешка кражба на дрзок начин и Ј.Б. (22) од Скопје поради основано сомнение дека извршила кривично дело помагање и лажно пријавување кривично дело, при што стекнале противправна имотна корист од 196.000 денари.

На 5 септември годинава околу 9.30 првопријавениот претходно се договорил со вработената да влезе со оружје и наводно да ја принуди да му ги даде парите од сефот од обложувачницата.

Тие ја договориле кражбата со цел да го прикријат долгот на парични средства што претходно ги направил пријавениот уплаќајки поголем број тикети со високи суми, фиктивно без уплата на пари, а уплатите на тикети ги извршила Ј.Б.

 

 

 

 

 

11.09.2018-13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега