Ограбена куќа и 5 цркви во Скопје - уапсени 4 лица

Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против 36-годишниот Б.У., 18-годишниот С.Ш. и 19-годишниот С.Љ., сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршиле шест кривични дела „тешки кражби“ и против 26-годишниот Б.Е. од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил едно кривично дело „прикривање“, при што се стекнале со противправна имотна корист од 254.500 денари.

Тројцата првопријавени делата ги извршиле во периодот од 18.07.2018 до 27.08.2018 година. Првото дело го извршиле во викенд куќа во с.Горњани каде со употреба на сила влегле и одзеле разни предмети за домаќинство, додека останатите пет кражби ги извршиле  во црквите Св.Јован во с.Булачани, Св.Троица во с.Чучер, Св.Петка во с.Кучевиште, Св.Недела во с.Кучевишка Бара и во црквата Св.Богородица во с.Бразда.

По извршување на кривичните дела, пријавените дел од украдените предмети му ги продавале на четвртопријавениот Б.Е. - сопственик на див отпад, а дел задржувале за себе или ги продавале на непознати лица.

 

По преземени мерки пријавените биле пронајдени и лишени од слобода. Во разговор во полициска станица ги признале делата.  

 

 

 

16.09.2018 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега