Ограбена црква во тетовско - украле телевизор

Непознати сторители во текот на изминатата ноќ извршиле кражба во црквата „Св. Петка“ во тетовското село Варвара.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски денеска информираше дека крадците украле ЛЦД телевизор од помошната просторија, односно трпезаријата на црквата.

-  По пријавувањето на случајот, екипа на СВР Тетово излезе на терен, го фотодокументираше случајот и работи на откривање на сторителите, а за настанот е запознат и јавниот обвинител, изјави Јосифовски.

09.12.2013 - 22:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега