Ограбен 81-годишник: Жена му ги украла парите, клучевите од автомобилот и личните документи
Вчера попладне околу 17.10 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода 30-годишната М.И. од гостиварски Вруток, извести МВР
– Таа претходно била пријавена од 81-годишниот Р.М. од тетовски Челопек дека во близина на спортската сала во Тетово со употреба на сила му одзела пари, клучеви од возило и лични документи, соопшти МВР.
Инаку, М.И. била барана со потерница за доиздржување на затворска казна од две години. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, а по документирање на случајот ќе биде поднесен и соодветен поднесок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа