Огнена стихија во Тетово - пожарникарите биле на терен скоро цела вечер

Дури цели четири часа во текот на ноќта, тетовските пожарникари гаснеле пожар во куќа на улицата „Тодор Ципоски-Мерџан“, во близина на Саат џамија, пренесува ТВ21.

За среќа, нема повредени луѓе во пожарот.

„Пожарот избувна во куќа во која никој не живеел и била напуштена, при што немаше повредени. Од наша страна е интервенирано во  02.55 часот, целосно завршено беше гаснењето во 6.50 часот“, изјавил Авни Амети, комендант на тетовските пожарникари за медиумите.

На овој голем пожар интервенирале 12 пожарникари, со четири возила.

24.09.2022 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега