Официјално: Суспендирана грчката Суперлига

 

По вчерашниот инцидент во Солун во дербито за титулата помеѓу ПАОК и АЕК, но и поради неколкуте слични инциденти на дерби мечевите, грчката Суперлига и официјално е суспендирана на неодредено време.

 Тоа што беше најавено утрово, се оствари и грчкиот министер за спорт Јоргос Василијадис донел одлука за да се забранат сите фудбалски мечеви во најсилното првенство кај Јужниот сосед, откако имал состанок со премиерот Алексис Ципрас.

 „Решивме да го суспендираме првенството. Нема да продолжи додека не се средат сите работи и додека не се согласат сите услови и не се политуваат сите правила“, рекол Василијадис

Тој додал дека Суперлигата ќе продолжи тогаш кога ќе се создадат услови, а пред се откако ќе се постигне договор за одредени работи, пред се за безбедноста.

„Во контакт сме со УЕФА, а таму сите се шокирани за тоа што се случува кај нас“, изјавил Василијадис, додавајќи дека е свесен оти постои можност грчки тимови да бидат дури и суспендирани.

Скандалот во Солун е само кулминација во хаосот што се случува во фудбалот во Грција. Пред две недели мечот ПАОК – Олимпијакос не се одигра поради тоа што тренерот на актуелниот шампион беше удрен во носот, а речиси секој меч во Грција носи огромни тензии и најчесто се завршува со хаотични сцени предизвикани од навивачите. Ова не е првпат, грчкото првенство да биде прекинато поради општ хаос во фудбалот кај јужниот сосед.

Плус одамна УЕФА посредува во битката за превласт во федерацијата и политичкото влијание во независноста на федерацијата, па по овој скандал очигледно е дека УЕФА нема да седи мирна.

Извор: Спорт

 

 

 

12.03.2018 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа