Официјално: Кристијано Роналдо се враќа на Олд Трафорд

Кристијано Роналдо и официјално е нов играч на Манчестер Јунајтед. Откако стана јасно дека Јувентус се откажа од неговите услуги, градскиот ривал Сити беше најголем кандидат за негов потпис, но „црвените ѓаволи“ влетаа во трката.

Јунајтед официјално потврди дека се договорил со Јувентус, а Роналдо ќе потпише двегодишен договор.

Засега не е позната формата на трансферот, но се шпекулира дека Јувентус ќе добие 15 милиони евра веднаш и уште 8 во бонуси.

 

27.08.2021 - 18:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега