ОФИЦИЈАЛНО Е: Учениците на училиште се враќаат на 1-ви февруари

Кризниот штаб препорача, а Владата вечерва на седница донесе одлука со која се продолжува зимскиот распуст на учениците поради пикот на коронавирусот.

Претходно Главниот кризен штаб и препорача на Владата учебната година да продолжи со настава од 1 февруари, соогласно заклучок дека во моментот, епидемиолошки земјата се наоѓа во пик.

Исто така владата донела одлука учебната година да заврши во редовниот термин на 10 јуни и да нема одбработување во саботите, туку второто полугодие да биде по скратена програма.

17.01.2022 - 22:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега