Одземени пасошите на Фросина Ременски и Миле Јовановски

– Постапувајќи по предлог на Основнот јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост за три лица, по претходно доставени покани, лицата во текот на денешниот ден, пред судија на претходна постапка се произнесоа во однос на предлогот.

Ценејќи ги фактите и доказите во предлогот како и исказите на осомничените лица, судија на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на осомничените Ф.Т.Р. и М.Ј. им определи мерки согласно член  146 ст.1 т.1,2 и 3 од ЗКП односно, забрана зе напуштање на живеалиште односно престојувалиште, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице во судот и привремено одземање на патната и друга исправа за преминување на државната граница, додека за Х.Б. мерка за претпазливост согласно член 146 ст.1 т.3 – привремено одземање на патната и друга исправа за преминување на државната граница, соопшти Основен кривичен суд Скопје.

Против овие решенија, како што велат од Судот, странките имаат право на жалба пред кривичниот

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.10.2019 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега