Одземен еден моторцикл, санкционирани 24 диви тркачи на скопските улици

МВР во текот на изминатата ноќ спроведе акција за сузбивање на диви тркачи од скопските улици. Одземен е еден моторцикл, а санкционирани се 24 моторциклисти.

-Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје во времето од 19,00 до 02,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат и учествуваат во “диви трки“ на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 24 возачи на мотори кај кои се констатирани низа прекршоци, а бил одземен еден мотоцикл, велат од полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.08.2020 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа