Одрони на патот Скопје – Блаце: Сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата
На патниот правец Скопје – г. п. Блаце, поради одрони на патот, сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата, соопшти АМСМ.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
18.05.2022 - 18:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа