Одрон кај Сенце го блокираше патот - Над 50 кубни метри камен и земја

 

Вработените на дебарската секција на „Македонија пат“ максимално се ангажрани во дорасчистувањето на одронот, кој утрово падна на патниот правец Дебар – Маврово, кај селото Сенце.

Раководителот на секцијата Деар Лиманоски за МИА изјави дека дел од одронот кој паднал во 6:50 часот, е расчистен и од 9:00 часот сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.

– Станува збор за одрон од над 50 метри кубни камен и земја. Максмално се ангажравме и исчистивме дел од одронот, па сега сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Работиме и понатаму за целосно расчистување на коловозот, рече Лиманоски.

Посочува дека поради обилните дождови изминатите денови, помали одрони има на овој патен правец, како и на патнот правец Дебар – Струга.

Поради тоа се препораува многу внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.12.2019 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега