Одобрена набавка на 200 респираторни машини

За време на вонредната сосотојба во земјава ќе бидат набавени 200 респираторини машини.

Владата, на денешната 34-та седница ја разгледа и усвои Уредбата за интервентна набавка на респираторни машини за време на вонредна состојба, со која се уредуваат условите и постапката за интервентна набавка на 200 респираторни машини заради спроведување на мерките за справување со корона вирус за време на траење на вонредната состојба, согласно спецификација уредена со Уредбата со законска сила.

– За оваа набавка Министерството за здравство ќе објави јавен повик на својата веб страницата, кое ќе трае 72 часа од моментот на неговото објавување. Оценка на пристигнатите понуди ќе ја врши тричлена Комисија од редот на вработените административни службеници формирана од Министерството за здравство, соопштија од Владата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2020 - 21:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега