Одлуката за забраната за запирање возила за доставување стока во Скопје станува трајна

 

Советот на Град Скопје на денешната осма седница ја усвои одлуката со која трајно се воведува забраната за запирање возила за доставување стока на подрачјето на град Скопје.

Градоначалникот Петер Шилегов, објасни дека со ова, привремената одлука за забрана за запирање на возилата за доставување стока во централното градско подрачје во периодот од 7:30 до 18 часот, станува трајна.

- Станува збор за временска измена на важњето на веќе постојната одлука во функција на намалување на загадувањето и сообраќајниот метеж во центарот на градот. Имајќи предвид дека ниту еден субјект не пропадна и ништо страшно не се реши, предлагам оваа одлука да се изгласа и забраната да се продолжи, рече Шилегов.

Советот ја усвои и предлог одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за јавни паркиралишта од значење за градот Скопје, со која како што објасни градоначалникот Шилегов, ќе се овозможи градот непречено да наплатува комунална такса од правни субјекти кои сега стопанисуваат со паркинг места.

- Заради правен недостаток и немањето имотен лист градот не може да ги внесе во системот на јавен интерес некои претпријатијата. Извесни субјекти се корисници на земјиштето и се во постапка за приватизација на земјиштето. Измените се потребни за градот да може непречено да ја собира комуналната такса, рече Шилегов.

Советничката Драгана Велковска од Левица, рече дека нема логика некој да добие дозвола за работа, а да нема потврда за сопственоста на земјиштето, како и дека стимулирањето на користењето на јавен превоз се врши со други мерки. 

 

 

 

19.03.2018 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега